Менаџерот на Ливерпул смета дека англискиот фудбал се враќа назад „10 или 15 години“, по промената на судиските правила во Премиер лигата и грубата игра на Барнли при 2:0 победата во саботата.
Пред новата сезона, клубовите добија известување дека судиите нема да ги казнуваат „тривијалните работи“ за да дозволат поголема течност на играта. Клоп не се согласува. Судијата Мајк Дин не даде ниту еден жолт картон на „Енфилд“ во саботата и покрај тоа што досуди 12 фаули против Барнли
„Ако сакате такви работи, гледајте борење. Ги видовте сите стартови, на Барнс и на Вуд на Ван Дајк и Матип. Како да одиме 10 или 15 години наназад. Правилата се такви, но едноставно не можете да се браните од такви фаули. Што значи тоа да има поголема течност играта? Ова е фудбал кој е опасен“, вели Германецот.
Од друга страна и менаџерот на Барнли беше незадоволен од одлуките, но не поради иста причина.
„Имаше премногу меки фаули. Пред сезоната ни кажаа дека нема да има меки фаули“, вели Дајч.
— Biggies Malls 2.0 (@Biggies_MaIIs) August 21, 2021