Top Sport

Дали Макс Алегри е новиот тренер на Наполи?

Италијанските медиуми го „фатија“ поранешниот тренер на Милан и на Јувентус, Масимилијано Алегри на трибините на „Сан Сиро“ при дербито Милан-Наполи (1:1), и тоа во разговор со членовите на Наполи, зголемувајќи ги шпекулациите дека тој ќе го замени Карло Анчелоти на клупата.

Посебен интерес предизвика видеото во кое Алегри внимателно го слуша портпаролот на Наполи, Гвидо Балдари, а имајќи го во предвид хаосот во кој се наоѓа Наполи поради конфликтот на играчите со претседателот Аурелио де Лаурентис, кој не им ги исплати платите за октомври.

Де Лаурентис најави казна од 25 отсто од платите како казна за одбивањето да одат на „ритиро“, тренинг за изолација, за што се побуни и тренерот Анчелоти. Околу Алегри се шпекулираше дека тој е во игра за местата во Тотенхем и Баерн Минхен, кои сега не со опции, а во Англија останува уште потенцијалното место во Арсенал.

Scroll to Top