Top Sport

Дали Мбапе убаво го разгледа својот следен домашен стадион?

Килијан Мбапе пред две недели беше херој на „Паркот на принцовите“ за Пари Сен-Жермен, постигнувајќи го единствениот гол во 1:0 победата над Реал Мадрид. Сега, тој ќе се обиде да го повтори тоа на „Сантијаго Бернабеу“, легендарниот стадион на најтрофејниот европски клуб, и очигледно е импресиониран од тоа што го виде на тренингот пред можниот трансфер кај „кралевите“ ова лето.

Видеото покажува како Мбапе го „проверува својот дом“, разгледувајќи го убавиот стадион на тренингот, што на социјалните мрежи предизвика големо внимание, а посебно кај фановите на Реал, кои според последната анкета на весникот „АС“ би му дале аплауз вечерва на Французинот (дури 60 отсто гласале така).

Мбапе официјало не потврдува каде ќе ја продолжи својата кариера, иако се верува дека постојат само две опции – продолжување на договорот со ПСЖ и трансфер на „Бернабеу“, во клубот за кој порано настапуваше неговиот фудбалски идол, Кристијано Роналдо.

Scroll to Top