Top Sport

Дали Меси веќе ментално замина од Париз?

Лионел Меси повторно имаше катастрофален настап за Пари Сен-Жермен, по што бргу си замина во тунелот на „Паркот на принцовите“, зголемувајќи ги шпекулациите дека веќе се „отпишал“ од клубот од Париз пред крајот на сезоната.

ПСЖ загубија со 0:2 од Рен на домашен терен, во апсолутно катастрофален меч за ПСЖ против (теоретски) инфериорен противник, а играта на Меси беше очајна. ПСЖ беа исвиркани од публиката на полувреме, а потоа и во текот на целото второ полувреме. Додека навивачите на ПСЖ ја искажуваа својата лутина од поразот, Меси веќе беше заминат во соблекувалната.

Оваа партија само ќе ги зголеми шпекулациите околу иднината на Меси во Париз, откако во текот на минатата недела се шпекулираше дека тој е во конфликт со тренерот Кристоф Галтие и дека си заминал без дозвола од петочниот тренинг на тимот. Официјално, преговорите за нов договор продолжуваат.

Scroll to Top