Top Sport

Дали некој може да му ја земе наградата за гол на сезоната на Роналдо? (видео)

УЕФА ја објави листата на најдобри голови во минатата сезона, и очекувано фаворит за трофејот е неверојатниот гол на Кристијано Роналдо против Јувентус со ножички, но не и неговиот колега Герет Бејл, кој постигна сличен гол во финалето на ЛШ против Ливерпул.

Бидејќи според правилата на УЕФА само еден фудбалер од еден клуб може да добие номинација, Роналдо ја доби предноста пред Бејл.

Голот на Димитри Паје е кандидиран од Лига Европа, по фантастичниот обид против РБ Лајпциг, додека на листата уште се и Гонсало Рамос, Пауло Естрела, Рикардињо и Кристијан Ериксон. Лани наградата ја доби Марио Манџукиќ, а Лионел Меси беше победник во 2015 и 2016.

Погледнете ги сите кандидирани.

Scroll to Top