Top Sport

Дали Орсато згреши? Паредес можеби глумеше, но Фред заслужи црвен (ОБНОВЕНО – на крајот доби црвен!)

Манчестер јунајтед имаа многу среќа што останаа со 11 играчи на теренот во првото полувреме против Пари Сен-Жермен, откако Бразилецот Фред дефинитивно заслужи црвен картон за обидот со глава да го удри Леандро Паредес, но судијата Даниеле Орсато сметаше дека Паредес претерал со реакцијата и Фред доби само жолт картон.

Орсато дури направи интересен израз на лицето кога го објаснуваше жолтиот картон за Фред.

Сепак, во второто полувреме, во 70-тата минута, на Фред му беше покажан патот кон соблекувалната по вториот жолт картон кој го доби. Кармата го стигна!

Scroll to Top