Top Sport

Дали Пандев му „пресуди“ на Гатузо?

Италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“ тврди дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис бил бесен на Џенаро Гатузо по 2:1 поразот од Џенова и сега само победи против Аталанта и Јувентус во следните два натпревари можат да го спасат од сигурен отказ.

Горан Пандев го „уништи“ својот поранешен клуб со два гола во саботата, за да ги остави на петтото место на табелата со три поени заостанување зад пласман во топ 4 и квалификување за Лигата на шампиони.

Според „Газета“, Де Лаурентис веќе контактирал со Рафа Бенитез, кој го прекрати престојот во Кина, но дека друга варијанта е Валтер Мацари, кој би пристигнал на крајот на сезоната. Од друга страна „Спортиталија“ тврди дека АДЛ му го понудил старотот место на Маурицио Сари, но дека тој одбил ваква понуда.

Scroll to Top