Top Sport

Снегот предизвика откажување на холандската лига и на еден меч од Бундеслигата

Снегот во западна Европа предизвика стопирање на мечевите од холандската Ередивизие и дуелот од Бундеслигата помеѓу Арминија Билефелд и Вердер Бремен.

Во Холандија се откажани четири меча од Ередивизие и четири меча од втората лига, а нема да се игра ниту во Амстердам каде што Ајакс требаше да го пречека Утрехт, а стадионот „Јохан Кројф арена“ има подвижен покрив и можеа да се обезбедат услови за фудбал.

Во Германија покрај бундеслигашкиот дуел, се откажа и мечот од втората лига помеѓу Падерборн и Хајденхајм.

Scroll to Top