Top Sport

Дали Пеп и Сити треба да се плашат од Лион, или веќе мислат на моќните Баварци?

Манчестер сити и Пеп Гвардиола веќе го минаа Реал Мадрид и сè што стои пред нив до полуфинале на ЛШ е седмопласираниот француски тим Лион. Англиските букмејкери веќе ги „инсталираа“ Сити како фаворити за прво освојување на овој трофеј, и покрај тоа што ако ги минат Лион ќе налетаат на моќните Баерн Минхен, кои ја декласираа Барса со 8:2.

Но, дали е потребно внимание пред Лион пред вечерниот дуел? Сепак, се работи за тимот кој го елиминираше Кристијано Роналдо и Јувентус од натпреварувањето.

Бројките ги поставуваат Сити како апсолутни фаворити против младиот тим на Руди Гарсија. Лион имаат само 4 победи во последните 12 мечеви, но минатата година останаа непоразени во два дуели со Сити, вклучувајќи и победа на „Етихад“. Анкетата на „Би-би-си“ ги постави Баерн Минхен како фаврорити со 48 отсто од гласовите, Сити беа втори со 30 отсто, додека Лион имаа 0 отсто.

Сити влегуваат во мечот со само едно полуфинале од Лигата на шампионите во својата историја, а Гвардиола веќе девет години е без овој посакуван трофеј. Сепак, со триумф тој би влегол во своето осмо полуфинале, со што би се израмнил со рекордот на неговиот стар ривал Жозе Мурињо.

Иако првпат по долга пауза не се квалификуваа за Лигата на шампионите оваа сезона, по рестартот на фудбалот, Лион успеаја да ги намачат Пари Сен-Жермен пред да загубат на пенали во финалето на Францускиот куп, по што изддржаа за 2:1 пораз на гости кај Јувентус за да ги елиминираат „бјанконерите“.

Се работи за компактен и одличен тим во средината, со тројца фудбалери од 20 до 22 години – Максенс Какере, Хусем Ауар и Бруно Гимараеш, така што енергијата нема да биде проблем. Во нападот го имаат секогаш опасниот Мемфис Депај, кој влегува во мечот со постигнати голови во последните шест меча во ЛШ, израмнувајќи го рекордот на Руд ван Нистелрој.

Scroll to Top