Познатиот италијански новинар на „Туто Меркато“, Танкреди Палмери во својата статија за Кристијано Роналдо вели дека постојат „теории на заговор“ дека покрај последните проблеми на Португалецот со обвинувањата за силување, во заднина има голем план против него, инспириран од Реал Мадрид и тоа го знае и самиот Роналдо.
Според Палмери, „извори блиски до фудбалерот“ велат дека Реал Мадрид јавно работат да му наштетат.
„ЦР7 верува дека сѐ започнува од Реал Мадрид, од политичката волја на претседателот Флорентино Перез да ја намали неговата вредност. Што значи ова? Роналдо верува дека Реал Мадрид направи притисок на УЕФА да осигура Роналдо да не ја добие наградата за најдобар фудбалер, која отиде кај Лука Модриќ. Роналдо беше подготвен да патува во Лондон, кога беше направена одлука да не се оди во знак на протест“, вели Танкреди.
Покрај тоа, Роналдо исто така верува дека неговиот црвен картон против Валенсија во Лигата на шампионите „не е случајност“. Тука не завршуваат теориите на Танкреди, тој вели дека Роналдо ќе отсуствува од португалската репрезентација овој период како бојкот насочен кон УЕФА.
„Кристијано не сака да придонесува за успехот на Лигата на нации со своето присуство. Тој реши да му го одземе на натпреварувањето најголемата ѕвезда“, додава Танкреди.
Фото: ЕПА
Incredible Cristiano!
Exclusive: CR7 feels Uefa got a conspiracy against him, therefore has decided to boycott Nations League!
As if there wouldn’t be bigger problems at the moment…https://t.co/TjmtuUZcDg— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) October 9, 2018