Италијанскиот весник „Ил кориере дела сера“ во својата детална анализа за ситуацијата во шампионот Јувентус, покрај критиките за тренерот Андреа Пирло и недостатокот на комуникација во тимот, излезе и со изненадувачко откритие – Кристијано Роналдо наводно сам бирал кои натпревари ќе ги игра за „бјанконерите“.
Португалецот е најдобриот стрелец досега за Јуве со 9 гола во 7 меча во сите натпреварувања, а откако беше „одморен“ за мечот против Беневенто, се очекува да биде стартер против Динамо Киев во среда во Лигата на шампионите, иако неговиот клуб веќе е пласиран во осминафиналето на натпреварувањето.
„Изборот на ЦР7 кои натпревари ќе ги пропушти, засега имаат оправдување – да се идентификуваат проблемите, пред да е предоцна да се решат“, се вели во коментарот на весникот.
Во четири меча во кои Роналдо не беше во составот на „старата дама“, тие успеаја да стигнат само до една победа, по што заостануваат шест поени зад Милан по девет натпревари во новата сезона во Серија А. Дали ваквата тактика ќе се исплати, останува да се види.