Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изненадувачки изјави дека неговиот тим е „дефанзивно ориентиран“, и покрај тоа што фантастичната „навална“ линија донесе 70 голови.
Оваа сезона со Роберто Фирмињо, Филип Кутињо, Мохамед Салах и Садио Мане во нападот, Ливерпул имаат неверојатни 70 голови, со што се втори во Премиер лигата зад Манчестер сити, кои имаат 77. Ако постои проблем на тимот на Клоп, тој е во дефанзивниот ред, нешто што посебно се покажа во петокот, кога дозволија да примат три гола во четири минути против Арсенал иако водеа со 2:0.
Клоп, кој сакаше да го засили тимот со Виргил ван Дајк од Саутемптон во текот на летото, постојано застанува во одбрана на своите дефанзивци, кои не ги критикуваше ниту за мечот со Арсенал.
„Ние имаме дефанзивен приод кон фудбалот – игравме 4-5-1 против Арсенал. Кога дефанзивата функционира, лесно се даваат голови. Но, целиот мој тим игра во одбрана. Головите не дојдоа поради нивни пропусти, туку бидејќи им дозволивме да играат со долги топк и да шутираат“, вели Клоп.
Германецот, исто така вели дека и самиот не преферира напаѓачки фудбал.
„Да бидам искрен, јас природно повеќе внимание обрнувам на одбраната бидејќи тоа е основа за сè. Најдоброто нешто што можете да го направите е да имате 10 офанзивни играчи кои знаат да играат во одбрана“, додава Клоп.
Петочно премиерлигашко шоу – Арсенал и Ливерпул со реми со шест гола (видео)