Top Sport

Дали Сити оставија висока трева за да попречат на Ливерпул? Гвардиола вели: Глупости!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги отфрли шпекулациите дека неговиот клуб намерно оставил да расне тревата на стадионот „Етихад“ пред мечот со Ливерпул за да ги спречат контра-нападите на „црвените“.

Едно од оправдувањата на фановите на Ливерпул за првиот пораз од сезоната беше токму прашањето на високата трева, и Гвардиола вели дека ниту тој, ниту одговорниот за теренот, Ли Џексон не правеле такво нешто.

Ова доаѓа откако официјалниот фанзин на фановите на Ливерпул во дискусија тврдеше дека било за очекување Гвардиола да „манипулира“ со висината на тревата на теренот. Според нив (видеото можете да го погледнете подолу), нападот на Ливерпул е толку моќен, што тие го приморале Пеп Гвардиола на ваков очајнички потег.

„Јас не ја одржувам тревата, ниту некогаш сум побарал за такво нешто. Ако тие сакаат да играат бргу и ние сакаме да играме така. Инаку, секогаш ставаме вода на теренот и сакаме да има подобри услови за игра за двата клуба. Мораме да ги почитуваме според правилата. Никогаш не зборувам со Џексон и искрено, имам поумни работи за мислење. Што мислите, му се јавувам на Џексон да им наштетам на противниците?“, вели Гвардиола.

Scroll to Top