Top Sport

Интер бара барем една отворена трибина за децата

Интер решија да не се жалат на казната која ја добија за расистичките навреди кон Калиду Кулибали, но побараа да се дозволи отварање на една трибина на „Сан Сиро“ на која би биле само деца за дуелот против Сасуоло.

Интер доби казна од два домашни меча без публика за инцидентот на мечот со Наполи пред Нова Година.

„Интернационале Милано нема да се жали на одлуката на Лега Серија А за инцидентот кој се случи на мечот со Наполи на 26 декември. Клубот наместо тоа побара ФИГЦ и Лега да овозможат момчињата и девојчињата од школата на Интер и Центро спортиво италијано да бидат присутни на мечот против Сасуоло на 19 јануари. Сакаме со ова да ја почнеме иницијативата и да пратиме силен сигнал за дискриминацијата и насилството“, се вели во соопштението на Интер.

Икарди и Интер застанаа зад Кулибали и против расизмот

Scroll to Top