Top Sport

Буфон се враќа дома

Голманската легенда Џанлуиџи Буфон би можел да се врати во Парма, објави „Газета дело Спорт“. 41 годишниот голман од пред неколку дена е слободен играч, откако одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен.

Буфон објави дека ќе се врати во Италија, во моментот кога одбо да ја продолжи соработката со ПСЖ, во чии редови во сезоната што е зад нас забележа 25 настапи. Последните информации велат дека тој ќе се врати на местото каде што ја започна блескавата кариера, во Парма. За клубот од „Енио Тардини“ тој дебитирал во 1994 година.

За Парма одиграл 220 натпревари, а дебито го имал во 1995 година на 17 години и девет месеци, против Милан. Потоа за 53 милиони фунти, во 2001 година се сели во Јувентус.

Scroll to Top