Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, не е оптимист дека Киран Трипие ќе се врати во тимот до крајот на сезоната. Репрезентативецот на Англија, скрши коска во стапалото на натпреварот со Астон Вила, откако претходно го постигна единствениот гол, со кој „страчките“ славеа победа.
Киран Трипе, како големо засилување пристигна во Њукасл, од Атлетико, во зимскиот преоден рок. Клубот за неговиот трансфер издвои 15.000.000 евра.
Одлично се вклопи во тимот на Еди Хау, постигна два гола на последните два натпревари.
Поради повредата, тој во четвртокот беше опериран. Клубот објави само дека операцијата минала во најдобра ред.
„Тоа се добри вести, но не знам колку време ќе отсуствува. Се надеваме дека ќе се врати пред крајот на сезоната. Ќе треба да видиме како ќе помине процесот на рехабилитација Ова е голем удар за нас, одлично се вклопи во тимот, играше одлично“, рекол менаџерот на Њукасл.
Њукасл, пет натпревари се без пораз во Премиер лигата, имаат три победи на последните три натпревари.