Британскиот таблоид „Дејли мејл“ тврди дека Пауло Дибала денеска ќе потпише со Тотенхем по убедување на неговата девојка, 23-годишната аргентинска пејачка Оријана Сабатини.
25-годишниот Дибала е „вишок“ во Јувентус, кои се обидуваат да го продадат цело лето, но најсериозниот обид за трансфер во Манчестер јунајтед пропадна поради неговите барања за неделна плата од 300.000 фунти.
Оваа сума би можеле да си ја дозволат Тотенхем и останува да се види дали до 17 часот по британско време (18 часот по македонско време) ќе се склучи договорот. Дибала е во Јувентус од 2015 година кога пристигна од Палермо, а лани имаше 10 гола и 5 асистенции во 42 меча за Јуве.