Top Sport

Надал се намачи во Монтреал, Раонич се повлече пред домашната публика

Рафаел Надал се врати од 2:5 негатива во првиот сет, пред да го победи упорниот Британец Ден Еванс со 7:6(6)/6:4 на Роџерс купот во Монтреал.

Еванс направи брејк во првиот гем од мечот кој беше одложува поради дожд, но не успеа да ја искористи спороста на Надал, кој го играше својот прв меч по поразот од Роџер Федерер во полуфиналето на Вимблдон. Надал потоа освои шест од последните седум поени во тај-брејкот, по што ја изддржа паузата од речиси два часа, за да поведе со 2:0 во вториот сет и да го комплетира мечот.

„Ден е тенисер кој комбинира агресивна игра со добри раце. Тој знае да ја чита играта многу добро и е тактички поткован. Затоа беше тешко во првиот сет. Денеска беше најважно да се победи, утре е нов предизвик“, вели 33-годишниот Шпанец, кој е четирикратен шампион од канадскиот Мастерс.

Толку среќа немаше Милош Раонич, кој мораше да се прости од домашните фанови поради повреда, откако во мечот со својот 18-годишен сонародник Феликс Оже-Алијасим прекина при 6:3/3:6 поради повреда на грбот. Иако се врати да го освои вториот сет, тој не можеше да продолжи.

Scroll to Top