Top Sport

Далиќ ја напушта Хрватска и го презема Катар?

Катарскиот портал „Ал Раја“, тврди дека хрватскиот селектор Златко Далиќ постигнал договор со репрезентацијата на Катар. Споменатиот извор тврди дека Далиќ ќе го замени досегашниот селектор Феликс Санчез Лопез и веднаш ќе почне со работа бидејќи репрезентацијата на Катар овој месец ќе игра во Голф купот, кој се игра во Кувајт.

Далиќ има договор со ХНС до лето 2026 година, треба да ја води репрезентацијата во завршницата во Лигата на нации, квалификациите за СП 2026 година, но и самото Светско првенство во Северна Америка, доколку Хрватска избори пласман. Но, информациите од Катар велат дека се е договорено и дека наскоро Далиќ ќе биде претставен како нов селектор на Катар.

Далиќ ја презеде Хрватска на 7 октомври 2017 година. Досега ја водеше репрезентацијата на 93 натпревари и оствари 50 победи, 19 нерешени и 24 порази. Освои сребро и бронза медали на Светските првенства во 2018 и 2022 и сребро во Лигата на нации. Во својата кариера ги водеше и Риека, Динамо, Славен Белупо, Ал-Фајсали, Ал-Хилал У-23, Ал-Хилал и Ал-Аин.

Scroll to Top