Top Sport

Далиќ: Ме потценувате со тоа прашање. Ние сме поголеми од Сити

Хрватска лесно ја совлада Катвија со 5:0, во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Два гола постигна Бруно Петковиќ, а по еден додадоа Лука Иванушец, Андреј Крамариќ и Марио Пашалиќ. Избраниците на Далиќ по три натпревари стигнаа до седум бода во Д-групата. Во понеделник на 11. септември во Ереван, Хрватска гостува во Ерменија.

На прес конференцијата селекторт Златко Далиќ луто одговори на прашањето зошто на полувремето го заменил Јошко Гвардиол.

Новинарот праша дали промената е тактичка идеја или некој од Сити му сугерирал дека Гвардиол може малку да одмори.

„Ме потценуваш со тоа прашање. Дека некој од Сити побара да ги одморам играчите? Било што“.

Кога новинарот повтори дека големите клубови понекогаш го прават тоа, тренерот додаде: „Ние сме уште поголеми. Ние сме голем тим. Не знам што да ви кажам. Го знаете мојот карактер, мојата работа. Некој тоа да го побара од мене…Немаше потреба да го форсирам, одигра шест натпревари за Сити, има мал проблем. Сакавме и малку да ги одмориме Модриќ и Брозовиќ“.

Scroll to Top