Top Sport

Далиќ останува селектор на Хрватска

Хрватскиот стручњак Златко Далиќ останува на селекторската позиција.

Веста ја потврди Маријан Кустиќ, претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Дали испаѓањето од групната фаза на ЕП е неуспех за Хрватска?

„Па, тоа не е неуспех. Целта ни беше да се пласираме на Европското првенство. Рековме дека сакаме да поминеме низ групата, а потоа се што правиме е одличен резултат.

Не ја поминавме групата, но тука е „Лигата на нации“, рече Кустиќ во гостувањето на „Нова ТВ“.

Тој се надева дека Лука Модриќ  ќе продолжи да ја носи капитенската лента во Лигата на нации и на Светското првенство, но за тоа сам ќе одлучи. Искрено верувам дека ќе остане и навистина би го сакал тоа“, додаде Кустиќ.

 

Scroll to Top