Top Sport

Далиќ: Изгубивме машки! Ова е историска година за Хрватска

Хрватите ги делеа 12 минути од пласман во финалето на Лигата на нации, но на „Вембли“ потклекнаа и примија два гола за 2:1 пораз од Англија и праќање во Лига Б. Но, селекторот Златко Далиќ вели дека не се работи за „катастрофа“.

„Изгубивме машки. Честитам на моите фудбалери кои одиграа борбен натпревар. Сезоната заврши, но зад нас е фантастична година на фудбалот во Хрватска. Направивме голема работа и поставивме темел за иднината. Многу добра година за нас“, вели Далиќ.

Хрватска натпреварувањето во Лигата на нации го започна со катастрофален пораз од 6:0 од Шпанија, но по победата над „фуријата“ од 3:2 им се отвори можност да го освојат првото место на табелата. Наместо тоа, Хрватска сега ја чека испаѓање во втор ранг.

„Игравме со Англичаните на ’Вембли’. Против Шпанија истрчавме 123 километри и немаме толку голем избор на играчи. Не се даваме“, додава селекторот, кој неодамна го продолжи договорот со Хрватскиот фудбалски сојуз.

Фото: ЕПА

Англичаните ги „закопаа“ Хрватите, Једвај од херој до трагичар (видео)

Scroll to Top