Top Sport

Англичаните ги „закопаа“ Хрватите, Једвај од херој до трагичар (видео)

Англија и следната година ќе игра во елитната А лига од Лигата на нации на УЕФА, откако во драматичен меч на Вембли со пресврт стигна до 2:1 победа над Хрватска и ги прати светските вице-шампиони во Лига Б следната сезона.

По првото полувреме, во кое Англичанците доминираа и во поседот на топката и во шансите, но не успеаја да стигнат до гол, Андреј Крамариќ во 57. минута со фантастичен „слалом“ ја зашемети англиската одбрана и го совлада Џордан Пикфорд.

Џеси Лингард во 78. минута по две пропуштени шанси на Хрватите, ја казнува грешката на Тин Једвај, човекот кој донесе победа против Шпанија во претходниот меч, за да израмни на 1:1. Во 85. минута, Једвај повторно промашува цела топка по изведување на аут, а Кејн со одличен потег им носи на „трите лава“ победа и прво место во групата 4, пред Шпанците и Хрватите.

Фото: ЕПА

Scroll to Top