Top Sport

Далиќ: Кој сум јас да го бркам Ребиќ од репрезентацијата?

Хрватскиот селектор Златко Далиќ одговори на контроверзите околу сите обвинувања околу Анте Ребиќ, кој од многумина беше прогласен за главниот виновник за испаѓањето на Хрватска од ЕУРО 2020.

Хрватите загубија во драматичен меч против Шпанија во осминафиналето – прво се вратија од 3:1 за 3:3 реми, а потоа во продолженијата загубија со 5:3. По ова многумина со прст посочија кон Ребиќ, кој менуваше копачки кога Шпанците го дадоа третиот гол, а фудбалерот на Милан потоа на Инстаграм напиша дека репрезентацијата е „ср.ње“ повеќе години и дека им е потребен лидер на клупата.

„Кој е тој неуспех во овие три години? Во мојот мандат имавме 15 порази, а губевме од големи репрезентации, светски и европски шампиони. Единствената дамка е 6:0 поразот од Шпанија и двата порази од Унгарија и Словенија. Тоа се моите неуспеси. Секој има право на свое мислење, но јас да напишев нешто ќе го оставев тоа засекогаш, немаше да бришам. Да му затворам врата на репрезентацијата? Кој сум јас да го правам тоа на било кого? Никогаш не сум го направил тоа и нема“, изјави Далиќ.

Ребиќ: Последниве 2-3 години сме го.на, немавме кој да ја искористи генерацијава

Scroll to Top