Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за септемвриските квалификации за Мундијалот во Катар. Од селекцијата испаднаа Петковиќ и Брекало, а напаѓачот на Милан, Анте Ребиќ е казнет поради инцидентот кој го направи за време на мечот против Шпанија на ЕП.
Најголемо изненадување за хрватската спортска јавност е изоставувањето на напаѓачот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ. Нема објаснување зошто во составот ќе го нема ниту Јосип Брекало кој настапи на ЕУРО2020.
Во репрезентацијата е Борна Соса кој пред ЕП одлучи да настапува за Германија, но ФИФА не му овозможи да земе спортско државјанство. Поради тоа Далиќ го казни и тој не беше дел од ЕП, но сега се враќа во националниот тим.
Уште еден повратник во селекцијата на „коцкастите“ е Марко Ливаја, напаѓачот на Хајдук.
⏳ A busy autumn awaits with more 2022 @FIFAWorldCup @EuroQualifiers!
?? Here is #Croatia squad for three September challenges ?#BeProud #Family #Vatreni? pic.twitter.com/hDrILFaFtA
— HNS (@HNS_CFF) August 16, 2021
Хрватска на 1. септември гостува во Русија, а три дена подоцна оди нагости во Словачка. На 7. истиот месец ја пречекуваат соседна Словенија.
По 3 кола Хрватска е прва на табелата со 6 бода, исто толку бодови има и Русија, Словачка е трета со 5, Кипар четврти со 4, а Словенија е на петтата позиција со 3 поени. „Фенерот“ е за Малта со само еден бод.