Top Sport

Навредлив транспарент: Милинковиќ-Циган

Српскиот репрезентативецот и играч на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ бил мета на навивачите на синоќешниот натпревар против Сампдорија во Рим (2:2). Лацио еден месец не знае за победа, а според навивачите главен виновник е Милинковиќ-Савиќ.

Синоќа, на натпреварот против Сампдорија, тифозите на Лацио, истакнале транспарент на кој пишувало „Milinkovic Zingaro“, што во превод значи „Милинковиќ-Циган“.

Последната победа Лацио ја забележале уште на 4.ноември против СПАЛ.

Милинковиќ-Савиќ е под притисок и поради коментарите на претседателот на клубот Клаудио Лотито, кој често изјавува дека ќе го продаде својот фудбалер само за сума помеѓу 100 и 120 милиони евра.

Scroll to Top