Top Sport

Далиќ пет пати ги одбил Фенер, останува хрватски селектор

Златко Далиќ ќе остане селектор на хрватската фудбалска репрезентација, иако турскиот гигант Фенербахче дал дури пет понуди за хрватскиот стручњак.

„Акциите“ на Далиќ пораснаа откако во 2018 година успеа да ги предводи Хрватите до финалето на Светското првенство во Русија, но и покрај понудите од неколку клубови тој ќе остане на клупата на националниот тим барем до 2021 година.

Според хрватскиот „Индекс“, Далиќ имал пет разговори со Али Коџ, претседателот на Фенербахче и член на најбогатото турско семејство, и понудите се движеле од 1.5 до 2 милиони евра годишно.

Scroll to Top