Top Sport

Мекгрегор: УФЦ се виновни за моето повлекување, мене ми е здодевно!

Неколку часа откако повторно се најде на насловните страници по третата одлука да замине во пензија, Конор Мекгрегор вели дека планирал да го објави тоауште пред две недели обвинувајќи ја УФЦ и шефот Дејна Вајт дека не успеале да направат ништо интересно.

Мекгрегор сакаше меч со Џастин Гетџи, човекот кој го победи Тони Фергусон за преодната титула на УФЦ 249 во април веќе на 11 јули во Лас Вегас, но вели дека бил налутен од реакцијата на УФЦ на сите предлози.

„Требаше да го организираат мечот, јас и Џастин за преодната титула, и да се движат работите. Но, тие сакаа да покажат моќ и да ме прегазат. Не знам зошто би го правеле тоа. Сакаа да ме симнат во категорија и да ми понудат глупави мечеви. Но, мене ми беше доста. Цело чекање… Ништо не се случува и ништо не ме возбудува. Овој спорт веќе не е возбудлив“, вели Мекгрегор во интервју за „ЕСПН“.

Мекгрегор е последниот во низата на УФЦ ѕвезди кој е разочаран од однесувањето на најелитната ММА организација и Дејна Вајт, откако претходно Џон Џонс изјави дека сака да го раскине договорот поради неуспешниот обид да се организира меч со Френсис Нгану. Вајт одговори дека Џонс барал премногу пари за овој меч.

Конор Мекгрегор се пензионираше… Третпат!

Scroll to Top