Top Sport

Далиќ стана најуспешниот хрватски селектор па заплака на клупата

Хрватскиот селектор, Златко Далиќ не можеше да ги заддржи солзите откако неговите „Ватрени“ стигнаа до пласман на Светското првенство во Катар со тешката 1:0 победа над Русија во дождливиот Сплит.

Со овој успех, Далиќ стана првиот селектор на „коцкестите“ кој ќе ги води на три големи натпреварувања, нешто што не им успеа на Мирослав Чиро Блажевиќ и Славен Билиќ, кои имаа две големи натпреварувања. Инаку тие тројца, Далиќ, Блажевиќ и Билиќ се единствени кои успеале да ги минат натпреварувањата по групи со „коцкестите“.

По среброто на СП во Русија во 2018 година и осминафиналето на ЕУРО 2020 оваа година, Далиќ ќе биде на кормилото на Хрватска на Мундијалот следната зима во Катар.

Scroll to Top