Top Sport

Далиќ: Во Реал секогаш се виновни странците како Модриќ или Крос

Хрватскиот селектор Златко Далиќ не е задоволен од однесувањето на Реал Мадрид околу Лука Модриќ, велејќи дека од најдобриот фудбалер на светот сакаат да на прават „жртвено јагне“ за слабите резултати оваа сезона.

Реал се на шестото место во Ла лига откако загубија 4 од 12-те меча досега, но полека се враќаат во форма под преодниот тренер Сантијаго Солари со четири победи во низа. Модриќ, кој се враќа во хрватската репрезентација за мечевите од Лигата на нации против Шпанија и Англија, според Далиќ не е виновен за ова.

„Разговаравме пред неколку дена. Лука е свесен дека во фудбалот постојат осцилации, дека откако играш брилијантно цела година не можеш да бидеш во таа форма постојано. Но, кога Мадрид ќе загуби тие веднаш бараат виновник кај странците и тука е Лука, Тони Крос или некој друг. А, Лука е најдобриот на светот“, вели Далиќ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top