Top Sport

Хамилтон: Ферстапен сам е виновен за инцидентот со Окон! (видео)

Светскиот шампион Луис Хамилтон вели дека Макс Ферстапен сноси „60 отсто од вината“ за сударот со Естебан Окон кој го чинеше победа во контроверзниот финиш на Бразилското ГП.

Хамилтон го искористи овој инцидент за да стигне до победата и смета дека Ферстапен воопшто не требал да влегува во дуел со возачот на Форс Индија. Окон излезе од боксот зад Ферстапен, кој одеше кон сигурна победа, но беше на посвежи и побрзи гуми и иако заостануваше цел круг, реши на првата кривина да го помине Ферстапен, кој се обиде да затвори и предизвика контакт.

Ферстапен потоа луто реагираше и го турна Окон, за што доби казна од ФИА, но Хамилтон вели дека тој едноставно требал да биде поумен.

„Никогаш не треба да претпоставиш дека тој зад тебе нема да влезе во внатрешната страна бидејќи заостанува еден круг и дека ќе мора да се тргне. Мораш да оставиш дополнителен простор, бидејќи тој е во сосема друга трка од тебе. Тоа е моето мислење. Од моја страна не се работи за 100 отстотна вина на Окон. Можеви повеќе 60-40 за Ферстапен“, вели Хамилтон.

Санкции за Ферстапен поради нападот врз Окон (Видео)

Scroll to Top