Top Sport

Данците се спасија од пораз од Косово (видео)

Силната данска репрезентација едвај се спаси од пораз на гостувањето на „Фадиљ Вокри“ во Приштина, откако фудбалерот на Саутемптон, Пјер-Емил Хејбјерг постигна гол во 91. минута за 2:2 реми во пријателски меч.

Косово дојде во водство преку дефанзивецот на Динамо Загреб, Ахир Рахмани во финишот на првото полувреме, но Данците успеаја да израмнат со гол од пенал на Кристијан Ериксен во 63. минута од мечот. Берсант Целина повторно донесе водство за Косовците само три минути подоцна, пред во финишот  Хејбјерг да извлече реми за Данците.

Scroll to Top