Холандската ѕвезда на Вилјареал, Арнаут Данџума ја одбил можноста за враќање во Англија во тимот на Вест хем, откако интересот за Холанѓанецот се зголеми по одличната сезона 2021/22.
25-годишниот Данџума во 34 настапи за Вилјареал постигна 16 гола, откако беше „отпишан“ во тимот на Бурнемаут, и преферира да остане на „Керамика“ за да може да се бори за место во холандската репрезентација за Мундијалот во Катар. На Вилјареал, исто така не им се брза, бидејќи имаат договор со својот напаѓач до јуни 2026 година.