Top Sport

Дани Алвеш – Има 38 години и 38 освоени трофеи во кариерата

Дани Алвеш повторно стана фудбалерот со најмногу освоени трофеи во историјата. Со капитенската лента, Алвеш, го предводеше Бразил до златниот медал на Олимписките игри во Токио.

Бразил, во олимпиското финале, по продолженијата, со 2:1 ја победи Шпанија.

38 годишниот Алвеш, го освои својот 38 трофеј во кариерата. На вечната листа тој сега е пред некогашните соиграчи Лионел Меси и Андрес Иниеста. Меси и Иниеста освоиле по 37 трофеи, на четвртото место е уште еден играч на Барселона, Џерар Пике (35), а потоа следуваат Рајан Гигс, Максвел, Кени Далглиш, Вито Баија, чави и Кристијано Роналдо.

Scroll to Top