Top Sport

Дани Алвеш има играно на сите позиции за ПСЖ – од голман до напаѓач

Корисноста на Дани Алвеш за секој тим не може да се потцени. Бразилецот ја игра својата втора сезона во Пари Сен-Жермен откако дојде со слободен трансфер летото 2017 година, и сега официјално има играно на сите позиции за францускиот шампион.

Бразилецот, секако, најдобар е на својата позиција во одбраната, но неговиот квалитет значеше дека тој играше и понапред како крило, а понекогаш и како напаѓач. Неодамна, поради повредата на Марко Верати, поранешниот фудбалер на Јуве и Барса играше и во средината на теренот, а минатата сезона ги облече и голманските ракавици против Сошо во Францускиот куп.

Во 90. минута од 4:1 победата над Сошо, голманот Кевин Трап доби црвен картон и без замени, Алвеш, и покрај своите 172 сантиметри се најде меѓу диреците и успеа да не прими гол, а посебно интересно беше неговото одредување на живиот ѕид.

35-годишниот Алвеш, откако лани ја освои домашната тројна титула во Франција сега има неверојатни 38 трофеи во кариерата како најуспешниот активен фудбалер на светот.

Scroll to Top