Top Sport

Неверојатна статистика! Дибала комплетирал 44-од-44 додавања против Лацио

Аргентинецот Пауло Дибала не беше на листата на стрелците во 2:1 победата во италијанското дерби помеѓу Јувентус и Лацио, сепак, неговото остварување на мечот беше неверојатно.

Дибала се обидел да додаде 44 пати на „Олимпико“ и го комплетирал секое додавање, со неверојатна стоотстотна прецизност. Уште поимпресивно е тоа што Дибала одигра 90 минути и тоа сите на позицијата на напаѓач.

Тој исто така успеал во 6-од-10 обиди за дриблање и доби осум од 15-те дуели во кои беше вклучен, уште еднаш покажувајќи ја својата вредност на теренот.

Јуве со пенал до победа кај Лацио (видео)

Scroll to Top