Top Sport

Дани Алвеш излезе од затвор, слободата кошта 1.000.000 евра

Дани Алвеш е ослободен откако платил кауција од еден милион евра. Судот во Барселона му одобри на Бразиелцот да го напушт затворот, два месеци откако беше прогласен за виновен за силување девојка.

Пред неколку дена медиумите објавија дека кауцијата на Алвеш ќе ја плати таткото на неговиот поранешен соиграч Нејмар да Силва. Подцна таа информација беше демантирана, па не е јасно како Алвеш успеал да ги собере парите.

Алвеш е осуден на четири и пол години затвор поради силување, во декември 2022 година во еден ноќен клуб во Барселона. Зад решетки се најде на 20 јануари 2023 година.

Дополнително, по завршувањето на казната, тој доби и условна казна од пет години, а на оштетената морал да и плати и отштета од 150.000 евра.

Исто така, тој не смее да се приближува до жртвата на 1.000 метри.

Братото на Алвеш најави дека ќе докаже дека не е силувач.

„Даниел е невин“, напиша тој на Инстаграм.

На Алвеш му е забрането да ја напушта Шпанија, па на судот му ги предал и бразилскиот и шпанскиот пасош.

Неговиот случај се уште не е завршен бидејќи двете страни, одбраната и обвинителот, на кои им се придружи жртвата во приватна тужба, поднесоа жалба на првичната пресуда.

Адвокатите на Алвеш сметаат дека казната е престрога и дека тој е невин, а обвинителот и жртвата сметаат дека е преблага и бараат максимални девет години затвор што ги предвидува законот.

Scroll to Top