Top Sport

Дани Алвеш најдобро си поминува (видео)

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Дани Алвеш можеби најдобро си помина на гала-вечерата на ФИФА при доделувањето на наградите за минатата сезона, каде што беше облечен како пејач во маријачи бенд.

Алвеш заедно со својот бразилски сонародник и соиграч од ПСЖ, Нејмар беше вклучен во тимот на годината. Двајцата беа колеги и во Барселона, пред Алвеш да замине прво за Јувентус, а сега се „обединети“ во новиот ПСЖ.

Доброто расположение се пресели и во Париз. Нејмар сподели видео на кое Алвеш пее и танцува од својот автомобил при пристигнувањето на тренингот со ПСЖ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');