Top Sport

Вознијацки доминира!

Каролине Вознијацки ја декласираше светската тенисерка број 1, Симона Халеп со 6:0/6:2 на ВТА финалето во Сингапур за да докаже дека е во фантастична форма на крајот на сезоната.

Во својот петти настап на завршниот турнир, 27-годишната Данка претходно во првото коло на ист начин ја совлада Украинката Елина Свитолина и речиси има сигурен пласман во полуфиналето на турнирот. Данката има 58 победи во 2017, седум финалиња и една ВТА титула (во Токио минатиот месец).

„Мислам дека одиграв навистина добро и останав агресивна во текот на целиот меч. Не очекував да биде толку убедливо по првиот сет, и тогаш се запрашав: ‘дали навистина играм толку добро?’“, вели Вознијацки.

Халеп беше само гледач во поголемиот дел од мечот во Сингапур и сега ќе мора да ја победи Свитолина во последниот меч за да остане во игра за полуфиналето.

Во вториот меч, Каролине Гарсија ја оствари својата прва победа во деби настапот во Сингапур, откако во драматичен меч со 6:7(7)/6:3/7:5 ја совлада Свитолина, враќајќи се од 5:4 негатива во последниот сет.

Scroll to Top