Top Sport

Дани Олмо се сели во Лајпциг

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо кариерата ќе ја продолжи во екипата на Лајпциг. Олмо претпладнево го напуштил Ровињ каде играчите на Динамо се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната.

Трансферот на 21 годишниот фудбалер би можел да биде најголем во историјата на Динамо.

Челниците на хрватскиот шампион најдоа тим што ќе ги исполни финансиските барања за трансферот на Олмо.

Според хрватските медиуми Лајпциг за Шпанецот ќе платат 18 милиони евра, а клубот од Загреб преку бонусите може да заработи и дополнителни 15 милиони евра. Исто така Динамо ќе добијат десет отсто од наредниот трансфер на Олмо.

Олмо со лидерот во Бундеслигата ќе потпише пет и пол годишен договор.

 

Scroll to Top