Top Sport

Јунајтед тоне, а смена на тренерот не била опција

Иако Манчестер Јунајтед доживеаја пораз на „Олд Трафорд“ од Барнли (2:0), тренерот Оле Гунар Солскјер не морал да стравува за работното место. „Скај Спорт“ тврди дека клупските челници воопшто не размислувале да го отпуштат тренерот.

Манчестер Јунајтед го имаат најлошиот биланс во Премиер лигата уште од сезоната 1988/89, а мизеријата да биде поголема се погрижија фудбалерите на Барнли кои синоќа по пауза од 58 години забележаа победа на „Олд Трафорд“.

И покрај тоа што тренерот Солскјер со своите играчи го запиша 12 пораз во сезоната тој нема да добие отказ. Норвежанецот потврдил дека клубот ќе се обиде да се засили во јануарскиот преоден рок. 16 годишниот играч на Бирмингем Џад Белингам се поврзува со Јунајтед, додека трансферот на Бруно Фернандеш е малку веројатен.

Scroll to Top