Top Sport

Даниел Џејмс е амбициозен: Јунајтед следната сезона ќе се бори за титула

Даниел Џејмс вели дека неговите Манчестер јунајтед следната сезона се способни да се борат за титулата од Премиер лигата, со здрави Пол Погба и Маркус Рашфорд во многу важна сезона за „ѓаволите“.

Последните сезони Јунајтед се далеку од врвот на англискиот фудбал и најблиску до титулата беа во 2017/18, кога беа втори зад Манчестер сити. Последните две сезони пак, Сити и Ливерпул се убедливо пред остатокот од конкуренцијата, но Џејмс вели дека нема причина да не веруваат во трофеј.

„Следната сезона ќе биде многу важна за нас. Оваа година многу момци беа повредени подолго време, како Маркус, Пол и Скот. Кога ќе ги собереме сите заедно, со можност за ротација на тимот имаме шанси да одиме по титула“, вели Џејмс во разговор со соиграчот Скот Мектоминеј.

И Мектоминеј вели дека треба да се мисли на титули.

„Лесно е да се каже: ’Сакаме да направиме ова, сакаме да направиме она’. Но, тоа се само зборови. Сите ги знаеме очекувањата во Манчестер јунајтед и секако тоа значи трофеи“, вели Мектоминеј.

Scroll to Top