Top Sport

Мекгрегор се помоли за здравјето на Абдулманап Нурмагомедов!

Конор Мекгрегор го остави ривалството со УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов на страна, и изјави дека се „моли за семејството Нурмагомедов“ по вестите за влошеното здравје на таткото и тренер на Нурмагомедов, Абдулманап.

57-годишниот Абдулманап Нурмагомедов, според руските медиуми излегол од кома во воената болница во Москва, откако имал и срцев удар, а ситуацијата се влошила со позитивниот тест на корона вирусот. Мекгрегор покажа дека е голем човек праќајќи порака до Нурмагомедови.

„Се молам за опоравувањето на Абдулманап Нурмагомедов. Човек одговорен за повеќе шампиони, во различни боречки дисциплини, отколку што знаеме. Вистински гениј на боречкиот спорт“, напиша Мекгрегор.

Лекарите во воената болница во Москва пак, објавија дека тој е во „сериозна, но стабилна состојба“ и дека ја повратил свеста. Според пријателот на семејството, Рамазан Рабаданов пак, и покрај тоа што ја вратил свеста, Абдулманап уште не зборува.

Scroll to Top