Top Sport

Даниел Џејмс пред постојан трансфер во Лидс

Лидс јунајтед преговараат со лутите ривали, Манчестер јунајтед, за постојан трансфер ова лето на Даниел Џејмс, две години откако за малку ќе го добиеја на позајмица, јавува „Гардијан“.

И покрај тоа што беше стартер против Вулверхемптон во саботата, велшкиот напаѓач нема постојано место во тимот на Оле Гунар Солскјер, а со пристигнувањето на Кристијано Роналдо а него ќе има уште помалку место, посебно бидејќи и Џејдон Санчо пристигна на „Олд Траорд“.

Јунајтед платија 15 милиони фунти за 23-годишниот Џејмс на Свонси во 2019, откако во јануари истата година Лидс се обидоа да го донесат на позајмица. Се верува дека „ѓаволите“ ќе бараат околу 20 милиони фунти за Џејмс, кој има уште три години од договорот.

За разлика од него, Диого Далот ќе остане на „Олд Трафорд“, откако Солскјер не ја одобрил позајмица во Борусија Дортмунд, бидејќи го смета како замена за првотимецот Арон Ван-Бисака.

Scroll to Top