Top Sport

Боксерските фанови се смеат на „фарсата“ – Пол и Вудли ќе заработат милиони

Јутјуб сензацијата Џејк Пол и Тајрон Вудли заработиле над милион долари од својот боксерски меч во неделата, иако боксерските фанови сметаат дека се работи за фарса, не за вистински бокс.

Пол го совлада поранешниот УФЦ шампион Вудли на поени во мечот во Кливленд, нешто за што дури 1.3 милиони луѓе купиле „пеј-пер-вју“ носејќи заработувачка од 75 милиони долари. Ова значи дека Пол заработил 5 милиони долари, додека Вудли 2 милиони долари, драстично повеќе од парите од целата УФЦ кариера.

Менаџерот на Вудли, Малки Кава потврди дека се работи за „многу пари“.

„Парите се добри. Тој ќе заработи седум цифри и тоа не само милион долари. Повеќе! Затоа очекуваме убаво да го наплати дебито во боксерскиот ринг“, изјави Кава.

Токму затоа, не зачудуваат информациите дека Пол, сега со 4-0 скор во професионалниот бокс, планира уште еден меч до крајот на годината, со Томи Фјури, братот на шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури како главен кандидат.

Јутјубер славеше победа над поранешен УФЦ шампион

Scroll to Top