Top Sport

Данило го продолжи договорот

Бразилскиот фудбалер Данило го продолжи договорот со Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. Данило во Јувентус ќе остане до 30.јуни 2025 година.

Данило (31) во Јувентус пристигна во 2019 година од Манчестер Сити, а претходно играше за Реал, Порто, Сантос и Америка Минеиро.

Бразилскиот фудбалер одигра 142 натпревари за Јувентус, а дури на 128 беше во стартниот тим.
За „старата дама“, постигна осум гола и запиша 17 асистенции. Данило и српскиот репрезентативец Филип Костиќ ги одиграа сите 24 натпревари за Јувентус во Серија А оваа сезона.

Scroll to Top