Top Sport

Данкан Фергусон вторпат привремен менаџер на Евертон

Евертон потврдија дека Данкан Фергусон по вторпат ќе биде преоден менаџер на клубот по отказот кој го доби Рафа Бенитез додека се бара постојаниот менаџер, а англиските медиуми шпекулираат дека се бира помеѓу Вејн Руни и Френк Лампард.

„Данкан Фергусон ќе биде менаџер на Евертон за следните натпревари. Легендата на ‘сините’ денеска тренираше со тимот како дел од подготовките за мечот против Астон вила во сабота“, се вели во објавата на клубот.

50-годишниот Фергусон беше привремен менаџер во 2019 година, кога освои пет поени во три меча против Челси, Манчестер јунајтед и Арсенал, пред да биде именуван на помошник на Карло Анчелоти.

Евертон бара шести постојан менаџер по преземањето на клубот од Фархад Мошири во 2016 година.

Scroll to Top