Top Sport

Белград го менува Берлин како домаќин на Ф4 на Евролигата?

Фајнал фор турнирот на Евролигата, кој требаше да се оддржи во Берлин од 27 до 29 мај ќе биде преместен во Белград, јавуваат српските медиуми.

Според „Б92“, заменикот градоначалник на Белград, Горан Весиќ на состанок со Евролигата минатата недела се договорил да дојде до оваа замена, откако во Германија има голем број на позитивни случаи на КОВИД-19 и нема да може да има присуство на публика. Белград им гарантира дека ќе има фанови, но само со потврда за вакцинација.

Претседателот на Евролигата, Жорди Бартомеу пристигнува во Белград следната недела на конечни преговори. Белград веќе беше домаќин на Ф4 во 2018 година, кога Реал Мадрид ја крена титулата.

Scroll to Top