Top Sport

Данска заврши пред Словенија поради гол постигнат пред седум месеци

Англија и Словенија ремизираа без голови, исто како и Србија и Данска во последното коло од групата Ц на Европското првенство. Со таков расплет Англија ја заврши групата на првото место со пет бода. Србија е елиминирана со два бода, а Словенија и Данска ја завршија групата со идентичен број бодови, гол разлика и нерешерезултат (1:1) во меѓусебниот дуел.

Следниот криериум се картоните. Но и тој критериум не направи разлика бидејќи Словенија и Данска во групата има по шест жолти картони. На крајот мораше да се примени критериумот за позиција во квалификациите и поради ова Данците ја завршија групата како втори, а Словенците како трети.

Неверојатно е што овие две репрезентации играа во иста група и освоија ист број на бодови, поточно 22, сепак, Данците имаа подобар меѓусебен скор.

Во јуни минатата година во Словенија беше 1:1, додека во ноември Данска славеше на домашен терен со 2:1. Така завршија Данците пред Словенците поради голот што го постигнаа пред седум месеци.

Scroll to Top