Top Sport

Дански фудбалер преживеал обид за убиство

Данскиот фудбалер Ники Биле Нилсен, во средата, во Копенхаген преживеал обид за убиство. Поради нападот на 30-годишниот фудбалер, кој до октомври бил играч на Лингби, полицијата уапсила 23-годишна жена и 30-годишен маж.

Медиумите наведуваат дека жената е фото-модел, а мажот бил поврзан со мото-клубовите.

Нилсен бил застрелан со огнено оружје во раката, а лекарите извадиле 40 зрна од сачмата. Според последните информации тој е во стабилна состојба.

Нилсен е поранешен напаѓач на Виљареал, Елче, Рајо Ваљекано, Росенборг, Евијан, Лех, Есбјерг и Паниониос.

Во октомври тој поради кршење на законот бил уапсен, поради што Лингби го раскинале договорот со него.

Нилсен, во кариерата, има три настапи и еден постигнат гол за репрезентацијата.

Scroll to Top